Надлежните служби во борба против нелегалната конкуренција на Градскиот пазар

Се решава проблемот со нелегалната конкуренција на Зелениот пазар со кој стопанисува ЈП „Градски пазар“ од Охрид. Денес надлежните служби започнаа акција на подигнување на диво поставените тезги на неколку локации во градов каде веќе се формирани нелегални мини пазари, а храната се продава во услови под сите хигиенски стандарди и со тоа е штетна за здравјето на купувачите.

Nelegalen_gradski_pazar_4852

Акцијата е со цел сузбивање на незаконските дејствија како и оневозможување и понатака да се продаваат прехранбени производи во нехигиенски услови.

Nelegalen_gradski_pazar_4853