Охриѓани се воодушевија од чешкиот историски филм за Светите браќа Кирил и Методиј

Македонска премиера синоќа во Охрид доживеа чешкиот историски филм посветен на Светите браќа Кирил и Методиј.

Филмот под наслов „Апостоли на Словените – двајца браќа една животна мисија“ беше промовиран пред македонската публика во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Синоќа во Охрид присуствуваше и продуцентот на филмот, Виктор Криштоф кој рече дека овој проект е создаден преку макотрпна работа и прибирање податоци за делувањето и мисијата на Кирил и Методиј.

Се работеше макотрпно бидејќи се работи за еден долг временски период од 1150 години кога делувале двајцата светители. Се консултираа археолози и други компетентни луѓе кои имаат на располагаење податоци за тоа време до кои дошле преку истражувања“, истакна продуцентот Криштоф.

PRODUCENT-VLEZ

Со овој настан, фестивалот „Охридско лето“ и Општина Охрид и годинава заеднички го одбележуваат големиот празник Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон.

Македонската премиера на филмот за светите Кирил и Методиј, на фестивалската програма на Охридско лето се случи благодарение на Јован Буџакоски и Александар Глигуроски, охриѓани кои веќе 15 години успешно ја водат фирмата „Буџак“ с.р.о во Прага, Чешка. Според нив Охрид е единственото место кое заслужува прикажување на овој филм а овој голем празник за градот е најсоодветен термин охриѓани и гостите да го видат за првпат.

pUBLIKA_CESI