Две странски државјанки се затекнати со непријавен престој во Велешта

Две странски државјанки се затекнати со непријавен престој во струшкото село Велешта при акцијата што деновиве во угостителски објект ја реализираа полициските службеници од граничната полиција од регионалниот центар Запад и СВР Охрид.

Б.Х.(28) и М.С.(21) од Република Албанија се затекнати во ресторантот „Багдад“ во Велешта по што, согласно законот за странци им е поднесена прекршочна пријава. Нив им е изречена парична казна од 250 евра и забрана за влез во Република Македонија во времетраење од една година.

Двете албански државјанки во угостителски објект „Багдад“ извесно време работеле како естрадни уметнички и имале нелегален престој со што извршиле злоупотреба на туристичкиот престој во Република Македонија за нелегална работа.