Јавен повик за професионална обука на бариста и бартендер

ЈАВЕН ПОВИК

професионална обука на бариста и бартендер

ЕДЕН – Туристичкиот Кластер на Југозападна Македонија, според проектот за унапредување и подигнување на квалитетот на услугите во угостителството, ги повикува сите НЕВРАБОТЕНИ заинтересирани лица лично да присуствуваат на повикот во Сабота 16.08.2014 год. со почеток во 13:00 часот во големата сала на втор кат при Агенцијата за Врабтување во Охрид. Според проектот 30 невработени лица ќе можат да ги поминат обуките и да се стекнат со меѓународен сертификат за професиите:

Бариста – подготовка на кафе

Бартендер – бармен, подготовка на коктели

Поамбициозните учесници слободно можат да се пријават и за двете обуки, а изборот ќе се врши според следните критериуми:

– Државјанин на Р.Македонија

– Евидентиран како невработен во Агенцијата за вработување во подрачните единици на Охрид, Струга, Кичево, Дебар и Македонски Брод

– Минимална возраст од 18 години

– Основни познавања од најмалку еден странски јазик

– Интерактивни вештини и способност за работа во тим

– Интерес за натамошно вработување во угостителскиот сектор и усовршување на вештините

– Се охрабруваат да аплицираат лицата од женски пол

– Предност имаат лицата со завршено минимум средно угостителско образование

За учество на интервјуто учесниците задолжително со себе да ги понесат следните документи:

– Лична карта

– Картон од Агенцијата за Вработување

– Копија од диплома за завршено образование

– Копија од завршени дополнителни едукативни обуки, семинари, курсеви итн…

Проектот е поддржан со финансиски средства од GIZ RED – Германската помош за економски развој во туризмот и UNIDO – фондацијата на UNESCO за развој на туристичката индустрија на ривиерата од Охридско Езеро.

Партнери во проектот се здружението Охридски Еснаф, Средното Угостителско Училиште – Ванчо Питошески, Факултетот за Туризам и Угостителство – Охрид и Агенцијата за Вработување.