Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Богородица“ се пријавени два нови случаи на украдени регистарски ознаки од возила на македонски туристи. Првиот случај е пријавен од лицето Т.М. од Велес, кој управувал патничко моторно возило марка „Opel Vectra“ со велешки регистарски ознаки истиот пријавил дека на 10.08.2014 година во туристичкото место „Катерини“ му се украдени двете регистарски ознаки од возилото.
Вториот случај е пријавен од лицето Б.С. од о.Чешиново-Облешево, кој управувал патничко моторно возило марка „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, а има пријавено дека на 09.08.2014 година во туристичкото место „Лефкада“ исто така му се украдени двете регистарски таблици од возилото.
Двата случаи се пријавени на грчката полиција и за истото е изготвен записник.
Со овие два нови случаи на кражби на регистарски таблици, бројката за оваа година достигна вкупно девет, а досега регистрирани се и три оштетувања на возила и регистарски ознаки, со што се повторуваат проблемите со кои се соочуваат македоските туристи во Р.Грција