„Библиотеката на тркала“ во ОУ „Св.Климент Охридски“

Денес во ОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид кое е дел од Проектот со читање до лидерство гостуваше „Библиотеката на тркала“.

„Библиотеката на тркала“ претставува специјално пренаменето возило, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика во кое учениците од 1 до 3 одделение го посетуваат и се запознаваат со дидактичките материјали на еден интересен и несекојдневен начин.

BibliotekaNaTrkalaOUSvKliment02