Македонија има свои репрезентативци во бадминтон кои може да се носат со врвни светски имиња од овој спорт, а тоа го докажаа викендов на светскиот рекетлон турнир „IWT Bulgarian International Championship 2014“ во Софија.
Ина Стефановска и Петар Живковски успеаа да стигнат до финалето и полуфиналето во своите дисциплини со далеку поискусните противници со кои водеа рамноправни битки. Стефановска успеа да освои сребрен медал, а Живковски беше четврти.
Во 2012-та година,на светскиот рекетлон турнир нашата земја го освои четвртото место во екипна јуниорска конкуренција, а во 2013-та два сребрени медали во поединечна јуниорска конкуренција.