Општина: Уште едно брутално потценување, омаловажување и навреда на свеста и достоинството на охриѓани од страна на СДСМ

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и Општина Охрид, во која стои:

„Уште едно брутално потценување, омаловажување и навреда на свеста и достоинството на охриѓани од страна на СДСМ Охрид. Доколку нивното расипништво и дивеење со Охрид се случеше пред две-три децении или во минатиот век можеби меморијата на охриѓани ќе избледнеше а нивните спинови и антитези ќе поминеа. Доколку барем еднаш во овие години им се извинеа на граѓаните на Охрид за нивното осумгодишно криминално-коруптивно и општествено- деструктивно раководење со градот можеби охриѓани ќе им простеа. Вака само продолжува низата на недостоинствени и навредливи прес конференции во кои со потценување на народот нудат „ живот„ . Недај боже тие да го вратат„ животот„ во Охрид.

Единствено добро во нивната прес конференција е тоа што ги потсетуваат граѓаните на проектите кои ние во континуитет ги реализираме, враќајки го нормалниот живот во градот а тие ги сметаат за „ништо„. За тоа јавно им благодариме.

Охриѓани како и сите останати вообичаено не играат тенис, фудбал или кошарка на 5, 10 или 15 степени под нулата. Можеби тоа го можат асовите од СДСМ Охрид на игралиштата кои тие „ги изградија и приспособија„ за ниски температури. Но ние не сме ги виделе.

Жалиме што нивните паушални анализи се разликуваат од етаблираните компаративни статистички операции, достапни за сите, невидливи и неважни за нив. Жалиме што нивниот концепт за развој на туризам базиран на станбени згради е заменет со тренд на градење на хотели. Жалиме што нивните репрезентации и прошетки се заменети со секојдневна силна промоција и маркетинг на Охрид во светските гласила.“- стои во реакцијата.