Соопштение на ЈП „Нискоградба“

Поради дефект на мрежата за одведување на отпадни и атмосферски води, ЕКО ТЕАМ за потребите на ЈП „НИСКОГРАДБА“ ќе работи на отстранување на дефектот. Поради тоа, денеска (среда 13.08.2014) во период од 12.00 часот до 15.00 часот, движењето на возилата на пресекот на улиците Бул. Туристичка со ул. Абас Емин и ул. Дејан Војвода, ќе биде оневозможено. Сообраќајот ќе се пренасочи на ул. Дејан Војвода по крак кон Авто перална „КРЛЕ“ и крак ЕВН.