Мерчели и „Варијабиле“ приредија незаборавна Европска вечер на „Охридско лето“

Истакнатиот италијански флејтист Масимо Мерчели и ансабмлот „Варијабиле“ синоќа настапија во црквата „Света Софија“ во рамките на Вечерта на Европската унија на „Охридско лето“.

На концертот беа изведени дела од Хајдн, Бетовен, Доницети и Брамс.

IMG_EU_3

Мерчели кој е познат по тоа што соработува со врвните уметници од денешницата како што се Пендерецки, Јуриј Башмет, Филип Глас, Жан-Пјер Рампал и други, изградил впечатлива уметничка кариера. Меѓу другото е познат и по премиерните изведби на дела од современите автори.

Ансамблот „Варијабиле“ има камерен репертоар во различни односно варијабилни состави.Неодамна оствари и серија настапи во повеќе земји ширум Европа.

IMG_EU_PUBLIKA