Бројот на туристи зголемен за 4.2 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2014 година изнесува 70 673, а бројот на ноќевањата изнесува 170 898.

Бројот на туристите во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е зголемен за 4.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 1.5%.

Бројот на домашните туристи во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е намален за 10.9%, а бројот на странските туристи е зголемен за 11.2%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е намален за 10.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 8.8%.

Во периодот јануари-јуни 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2%, а кај странските има зголемување за 6.5%.

Во периодот јануари-јуни 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4.5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.4%, а кај странските има зголемување за 6.8%.