Во текот на вчерашниот ден, (13.08.2014 година) на ГП „Богородица“ е пријавен нов случај на оштетена регистарска ознака од возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето В.Ј. од Богданци во чија сопственост е возилото со оштетените регистерски ознаки марка „BMW“. Сопственикот на возилото пријавил дека на 13.08.2014 година во туристичкото место „Неа Потидеа“ на двете регистарски ознаки, со остар предмет, бил изгребан делот од регистерските ознаки каде стои кодот ,, МК’’. Случајот не е пријавен во грчката полиција.
Со овој нов случај на оштетување на регистарски ознаки, бројката за оваа година достигна вкупно пет, а досега регистрирани се и девет кражби на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков тип со кои мошне често се соочуваат македоските туристи во Р.Грција.