ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите , во кое се вели:
„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид задолжувањето со кредит од 1,75 милиони евра го означува како „почеток на ера на капитални инвестиции во Охрид“.
Граѓаните знаат дека километри нови улици, тротоари, канализациони и водоводни системи, плочници, санирани и осветлени улици, потпорни ѕидови, одводни канали; десетици изградени детски игралишта и паркови; десетици реконструирани и опремени училишта, детски градинки, фискултурни сали, системи за греење; пет нови кружни раскрсници, сообраќајни сигнализации, велосипедски патеки, паркиралишта; целосно надградена и реконструирана Гимназија; целосно нова инсфраструктура во руралните средини – сето тоа беше реализирано од претходната локална власт на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески не со буџетски средства, туку со најавено кредитно задолжување, во Охрид ќе градат 2 раскрсници, ќе се рехабилитираат 8 улици и ќе се купуваат 5 возила за ЈП „Охридски комуналец“.
Ова ли се ветените приоритетни капитални инвестиции за охриѓани?“- стои во соопштението на ОО на СДСМ Охрид.