ВМРО-ДПМНЕ: Охриѓани и целата македонска јавност знаат какво зло и штета им нанесе СДСМ

Во врска со соопштението од СДСМ, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ во која стои:

„Соопштението на СДСМ објавено во медиумите најверојатно би привлекло внимание само на луѓе кои не живеат на оваа планета затоа што и Охриѓани и целата македонска јавност знаат какво зло и штета му нанесе СДСМ и бившото Локално Раководство на Охрид. Го опустошија градов и ја оставија општината со долг од над 33 милиони евра и со заведени 428 судски спорови, ги заглавија не само Јавните Претпријатија туку во незавидна положба без основни услови за настава, без огрев ги оставија и најмладите во Охридските Училишта.

Дали Господа од СДСМ ова се вашите капитални Дела? За вас ли се капитални дела двата односно – три кружни текови кои успеавте да ги направите за цели осум години владеење во Охрид? Срамота, голема срамота за Вас!

Да, ваши капитални дела се приватните ручеци, патувања и уживања кои ги реализиравте со народни пари додека пред ваши очи тонеше Охрид. Дали сакате јавна потврда и обелоденување на вашите приватни сметки платени со јавни пари?

Всушност каде се и кои се километрите нови улици, тротоари, канализациони и водоводни системи и осветлени улици кои ги споменувате во Вашето Соопштение, а кои наводно сте ги направиле? Дали господа од СДСМ, во случајов мислите на пропаднатите асфалти и тротоари, на бројните дупки што зад себе ги оставивте низ улиците во Охрид? Дали мислите на бројните мрачни улици на кои не променивте ниту една улична светилка иако на власт бевте 8 години? Кога зборувате за наводно променетата инфра структура низ охридските села, Дали мислевте на жителите на село Елшани кои ги оставивте без вода за пиење и без пат до своите домови, или пак, дали мислевте на затворениот и отворен базен, на катната гаража, на новата автобуска станица кои долго ги најавувавте но никогаш не ги реализиравте во Охрид. Вие успеавте само во едно го ОПУСТОШИВТЕ Охрид за лични цели, срам да ви е!

Општинскиот долг од над 33 милиони евра ,блокираната сметка, заведените над 428 судски спорови против општината, предимензионирана општинска администрација, катастрофалната материјална и финансиска состојба во општинските јавни претпријатија и на образовните институции , ова се капиталните дела што СДСМ ги остави во Охрид.

Маката на СДСМ е успешната работа на ВМРО –ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески.

Иако градоначалникот Бакрачески и ВМРО – ДПМНЕ на локална власт се релативно краток период односно една година и неколку месеци успеаја да направат многу повеќе од СДСМ која иако на власт беше 8 години и иако ја презадолжи општината не направи ништо добро за Охрид. Новата Локална Власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ по однос на стари и нови фактури успеа да го намали долгот на општина Охрид за 268. 166. 784.00 денари. Паралелно на тоа се работи на стабилизација на јавните претпријатија досега, општината преку својот буџет до нив трансферира 66.164.413.00 денари. До основните училишта од својот буџет трансферира 16. 550. 645.00 а до средните 7. 910. 093. 00 денари. Преземени се активности за заштеда на трошоци на расходната страна на буџетот. Секаде каде што може направени се заштеди.

За релативно краток период од само една година и неколу месеци Новата локална власт предводена од ВМРО –ДПМНЕ асфалтира над 30 400 метри квадратни улици во општина Охрид:

– асфалтирани се делови од улицата“ Карпош Војвода“ и “АСНОМ“. Ново асфалтираниот дел на ул. “АСНОМ“ е со површина од 1 800 м2. Дел од улицата “Јане Сандански” со површина од 1 950 м2, улицата “Сирма Војвода“ на површина од 4 517 м2,целосно е асфалтирана улицата “Богомилска со површина од 1 743м2, целосно ревитализирана и асфалтирана улицата “Крум Точко” во површина од 1 940м2 ( на оваа улица се изврши реконструкција на водоводната мрежа во должина од 319 метри, се постави и атмосферска канализација во должина од 230 метри). Улицата “Ристо Чадо“ е проширена во должина од 200 метри. Извршено е асфалтирање на тесни улици и прекопи во населба “Гоце Делчев”, ул. “Македонска Ударна Бригада”, крак улица “Момчило Јорданоски”, улица “Богомилска”, улица “Караорман” пред градинката “Јасли“ , улица “Галичица“,улица “Ванчо Питошески“ , село Велгошти, улица “8-ми Март“, улица “Прилепска“, улица “28-ми Април“, село Велгошти пред училиште, село Завој и пат Горно Лакочереј- Долно Лакочереј – Орман; патот Вапила –Сирула, реконструкција 1 700 м2 и изработка а нов пат во должина од 2 700 м2. -асфалтирани 8 улички во село Косел во вкупна должина од 1 000м2.

Покрај асфалтирањето на дел од патиштата поставена е и нова водоводна, атмосферска и канализациона мрежа. Селото Долно Лакочереј е приклучено кон канализационата мрежа. Поставени се 1 300 метри цевки со профил од 200 мм, а градежните работи се завршени. Изградба на фекална атмосферска канализација во населба “Христо Узунов“, населба “Даме Груев“, кеј “Маршал Тито“, улица “Јане Сандански“, улична фекална канализација на улица “Бистрица“ крак “Мубахат“, атмосферска канализација на улица “Крум Точко“. Фекална канализација на Аџи Мустафан крак “Алберт Курти“. Во рамки на инфра структурните зафати изграден е мал плоштад кај некогашниот објект на градската библиотека а Охрид доби и уреден градски влез. Средено е и старото градско јадро со оплеменети јавните површини. Нов лик доби и населбата Канео. На радост на помладите но и на повозрасните изминатава зима Охрид го доби лизгалиштето на мраз кое беше вистинска туристичка атракција. Охрид го доби и повеќе наменското спортско игралиште во населба Лескајца. Инаку во тек се проектите: за „Ски центар на Галичица”, изградба на модерна марина, современ затворен пазар. Во тек се и проектите за изградба на затворениот пливачки базен, фудбалскиот терен со вештачка трева. Има уште многу, многу проекти кои се во тек а ги реализира Локалната Власт предводена од ВМРО- ДПМНЕ во Охрид.

На крај ние добро знаеме која е маката на СДСМ, не беа способни и никогаш не успеаја во цели осум години целосно да изготват барем еден проект со кој би аплицирале пред Светска Банка. Никогаш не успеаја да ги исполнат основните услови за добивање заем од ваква етаблирана меѓународна институција. Тоа е маката на СДСМ никогаш не може да се помири со успешната работа на ВМРО –ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески кои се во насока на подобар и поуспешен Охрид.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.