Свеченост по повод 71-та годишнина од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“

По повод 71 година од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“ и Денот на Армијата на РМ, Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебарца, организира свечено одбележување на 18 Август 2014 година (понеделник) на споменикот на Славеј Планина со почеток во 11.00 часот, со следната програма:

Славеј планина, 11.00 часот:

-полагање на свежо цвеќе пред споменикот

– поздравна реч на потпретседателот на ГО на СБМ, Верка Бунтеска

– пригодно обраќање за значењето на настанот, на претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебарца, Гоце Георгиески.

ОО на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца ве повикува на масовно присуство на овој значен настан.

Spomenik_Slavej_Planina