Кривична пријава за жител од струшко Корошишта поради разбојништво

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Р. (25) од струшкото село Корошишта. Пријавениот, на 10 март оваа година во продавница лоцирана на улицата „Моша Пијаде“ во Струга, влегол вооружен и маскиран и барал пари.

Е.Р. со капуљача на главата, шал на устата и со пиштол во рака, влегол во продавницата и со висок тон, на вработените им се заканил дека ќе ги нападне викајќи им : „каде се парите, дајте ги парите, ќе ве убијам“.

За мошне кратко време Е.Р. ја отворил касата, извршил пребарување и противправно одзел околу 1000 денари во разни апоени и еден пакет со 25 штеки цигари.

Веднаш потоа, тој избегал од продавницата.