Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2014 се издадени 169 одобренија за градење што е за 6.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 933 421 илјади денари што е за 28.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 126 (74.6%) се наменети за објекти од високоградба, 18 (10.6%) за објекти од нискоградба и 25 (14.8%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 169 објекти, на 119 (70.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 50 објекти (29.6%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 292 стана со вкупна корисна површина од 26 765 м2.