Индекси на цените во земјоделството

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јули 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 5.3%, а кај аутпутот е намален за 4.7%.

Во јули 2014 година, во споредба со јули 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 94.5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 98.9.

Во делот аутпут, во јули 2014 година, во споредба со јули 2013 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 92.5, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.7.