Денес во Охрид се одржа Државно првенство во кајак на мирни води.
Охридските кајакари на ККК „ЕХО“ од Охрид по 20 години успеаа да го вратат приматот на Охрид за најдобра екипа во кајак на мирни води во Република Македонија.
Државното првенство се одржа во организација на Комитетот за спринт (кајак на мирни води), а домаќин беше кајакарскиот клуб „ЕХО“ од Охрид.
Постигнати се следните резултати:
Првото место и со злато се закити екипата на ККК „ЕХО“ од Охрид, второто место и сребрен медал го освои екипата на ККК „Црн Дрим“ од Струга, а бронзата и третото место му припадна на кајак кану клубот „Стрмец“ од Охрид.
Годинава Државното првенество во кајак на мирни води се одржа малку покасно од предвидениот термин, затоа што македонските кајакари имааа богата интернационална програма.
Од македонските кајакари на Светското првенство во кајак на мирни води кое се одржа во Сегедин, Константин Дејкоски од Струга го освои 28 место.
На Европското првенство кое се одржа во Брандербург, Костантин Дејкоски го освои 24-то место во дисциплината К1 на 500 метри.
На Светското младинско првенство кое се одржа во Сегедин македонските кајакари постигнаа задоволителни резултати. Никола Кутески го освои 28-то место, а Јован Пендовски 37-то место.
Од Комитетот за спринт најавуваат дека со добра програма и подобрени тренинзи идната година од светските и европските првенства очекуваат да се вратат со освоен медал.