Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, изнесува 121.9.
Индексот на прометот во индустријата, остварен на домашниот пазар, во јуни 2014, во однос на јуни 2013 година, бележи опаѓање од 6.8%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 34.4%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, бележи опаѓање од 11.6%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 23.7%.
Според главните индустриски групи, прометот во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.7%, Капитални производи за 94.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 86.1% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 15.8%.
Индексот на прометот во индустријата во јуни 2014 година, во однос на мај 2014 година, изнесува 106.4, додека во периодот јануари-јуни 2014 година, во однос на периодот јануари-јуни 2013 година, изнесува 112.3.