Во тек е пријавувањето за „Водените лудории“

По долгогодишна пауза, на задоволство на љубителите на водените спортови и игри, идниот понеделник и вторник на градскиот базен „Атина Бојаџи“ ќе се одржи спортско забавниот настан „Водени лудории”.

Домаќинот на случувањето ,ЈП „Билјанини Извори“ и Општина Охрид како покровител ги покануваат сите заинтересирани граѓани за учество на „ Водените лудории “.

Пријавувањето е во тек и ќе трае до 22 август односно до петок, на билетарата во СРЦ “Билјанини Извори“ или на телефонскиот број 078 260 987 и 078 232 881.Возрасна граница нема , значи може да учествуваат деца , возрасни па и пензионери. Секоја екипа треба да пријави свое име, капитен и контакт телефон.

Натпреварувачите ќе имаат можност да се натпреваруваат во следниве игри :

Подморница, Воз , Rafting, Water basket , Cat walk, Remorker

За првопласираните организаторот и покровителот обезбедија многу вредни парични награди, медаљи и дипломи.

„Водените лудории“ се дел од проектот на Општина Охрид „Спортско лето“. Станува збор за уште еден спортско рекреативен настан кој веќе деценија и пол е подзаборавен од охриѓани, а придонесувал многу за спортско – рекреативниот живот на сите граѓани на Охрид, додека за гостите во Охрид претставувал можност за добра забава за време на летната сезона.

Организаторите очекуваат настанот да постане традиција со цел од година во година да прерасне во меѓународен кој ќе биде во интерес на промоција на Охрид и збогатување на спортско рекреативната понуда.