Бројни активности на ЈП „Охридски Комуналец“

По барање на организаторите на пливачкиот маратон кој ќе се одржи викендов во Охрид се расчистуваше крајбрежниот појас на градскиот кеј (потег градско пристаниште-Холандски парк).

„Со ангажирање на специјална механизација од езерските води беше подигнат разновиден отпад: градежен шут, пластични отпадоци и др.“- информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

141538

ЈП „Охридски Комуналец“ реализира акција за расчистување на расфрланиот комунален отпад во близина на туристичкиот локалитет „Горица 3“. Се расчистуваше потегот од кружниот тек под х.„Инекс“ до паркинг просторот кај „Горица 3 “, како и опфатот околу сообраќајницата која води од вилата на МВР до паркинг просторот.

„Немањето на еко-култура кај поединци резултираше во деградација на овој туристички локалитет, оставјќи го и расфрлајќи го отпадот зад себе.“- додаваат оттаму.

082104

Деновиве се реализира акцијата на заменување на старите корпи за ситен отпад со најлон кеси со нови корпи на градскиот кеј и ул.„Македонски Просветители„. Предвидено е поставување на нови 70 корпи за ситен отпад.

Екипите на „Паркови и зеленило“ темелно го расчистија просторот околу кружниот тек во населба „Даљан“ кој беше обраснат со бујна вегетација и трње.

075403