Започнува седмото издание на охридскиот хорски фестивал

Охридскиот хорски фестивал е манифестација која оваа година, традиционално, ќе се одржи во Охрид по седми пат во организација на Охридскиот хор. Почетокот на фестивалот е закажан на 21.08.2013 (четврток), а ќе трае до 25.08.2013 (понеделник). На фестивалот се пријавени да учествуваат 34 хорови од 13 европски земји.

Фестивалот има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк концертите.

Жири комисијата ќе ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Марчин Томчак (Полска), Јасенка Остојиќ (Хрватска), Запро Запров (Македонија), Себастјан Врховник (Словенија) и Дарина Чакарова (Бугарија).

Концертите од фестивалот ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотел Инекс Горица и црквата Св. Софија, а во состав на отворањето хоровите ќе изведат кратка програма на отворено.

Влезот е слободен.

OhridChoir_4001