Евакуирани туристи во Исланд поради можно активирање на вулкан

Исландските власти евакуираа туристи од подрачјето во близина на вулканот Бардарбунга поради зачестени сеизмички активности во текот на изминатите денови.

Исландската служба за цивилна заштита истакна дека во изминатите 24 часа биле евакуирани од 300 до 500 лица и дека областа е ненаселена, но за време на летните месеци претставува популарна туристичка дестинација.