Ќе се избира идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на 500 метри плажа на Охридско езеро – Општина Дебарца

Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница www.mtc.gov.mk, креира јавна анкета и ги повикува сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста за електронско гласање и да учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на 500 метри плажа на Охридско езеро, општина Дебарца.

Станува збор за пет идејни решенија за уредување на една плажа со должина од 500 метри, на дел од Охридското езеро која се наоѓа во непосредна близина на Аеродромот  „Св. Апостол Павле-Охрид” на територија на општина Дебарца.

„Целта на проектот е да се овозможи користење на водената површина како и можност за рекреација на предметната локација со што ќе се овозможи континурано користење на истата преку текот на целата година. Создавање на атрактивен простор кој во себе содржи потенцијал да биде пандан на веќе постоечките понуди на Струшко-Охридската ревиера, а и од особено значење за туристички и економски развој на општина Дебарца.

Плажата е предвидена да се изгради согласно највисоките туристички стандарди а особено внимание ќе се посвети, да не се наруши еко-интегритетот на околината.“- информираат од Министерството.

3

Планирана е песочна површина која би се изнивелирала и попесочила со соодветен автохтон песок, да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди со поставување на клупи, фонтани за питка вода, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали.

„Изградба на сервисен пункт кој ќе се состои од шанк со кабина за музика со спецификација на опрема, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви (согласно правилникот за минимално-техничките услови за вршење угостителска дејност), соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити.

Предвиден е простор за чадори за сонце и лежалки, на капалиштето да биде обележан просторот за капење во езерото со бови, заради заштита на капачите од пловни објекти, како и предвидено место за службата за спасување.

Откако ќе се изберат идејните решенија ќе се пристапи кон изработка на основните проекти, а потоа ќе се спроведе постапка за нивно уредување согласно изработените основни проекти.“– додаваат оттаму.3slik

По завршување на електронската анкета, Министерството за транспорт и врски ќе донесе Решение за доделување на награда и откуп на доставените идејни решенија.

Министерството за транспорт и врски во континуитет со конструктивни проекти креира услови за економски развој и промовирање на туристичките потенцијали на нашата држава.