Десет возачи на моторни возила ја пречекориле дозволената брзина на движење односно управувале моторни возила со поголема од брзината дозволена со поставен сообраќаен знак. Ова го покажа вчерашната акциска контрола на охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај што од 15 до 20 часот се реализира на неколку места низ градот.
Сообраќајната полиција не затекна возачи што своите патнички и други моторни возила ги управувале под дејство на алкохол.
Вкупно седум возачи, своите патнички моторни возила ги управувале во населено место со поголема брзина од дозволената со повеќе од 30 до 50 километри на час, а само еден со повеќе од 10 до 30 километри на час. Надвор од населено место, двајца возачи возеле побрзо и ја пречекориле брзината на движење повеќе од 10 до 30 километри на час.
По тие основи, сообраќајната полиција поднесе седум прекршочни пријави, издаде седум платни налози и две покани за глоба. Вчерашната акциска контрола имаше за цел подигнување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Вакви и слични акциски контроли и понатака ќе се спроведуваат кон сите учесниците во сообраќајот што ги кршат законските одредби.