Кривична пријава против три лица за криумчарење мигранти

Оделението за прекуграничен криминал и миграција при РЦ за ГР „Југ„ поднесе кривична пријава против Б.Џ.(33), С.А.(40) и Ѓ.Б.(27) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “организирање на група и поттикнување на извршување на делата, трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти”, предвидено и казниво по член 418-в од КЗ на Р.Македонија и „криумчарење на мигранти„ по член 418-б ст.4 в.в ст.2 од КЗ на Република Македонија.

Имено на 19.08.2014 година од страна на тројцата пријавени по претходен договор прифатиле лица со илегален влез и престој во Р.Македонија во близина на с.Марвинци со намера да ги превезат до Куманово. Истиот ден околу 18.20 часот од страна на ПС од РЦ за ГР ЈУГ Кавадарци на регионалниот пат Гевгелија-Скопје пресретнати се и запрени две ПМВ “Волво” и “Опел Омега” со скопски регистарски ознаки при што во првото возило управувано од С.А. биле откриени три илегални мигранти од Сирија на возраст од 24 до 27 години, додека во второто возило управувано од Ѓ.Б. биле откриени шест илегални мигранти од Авганистан на возраст од 10 до 31 година. По извесно време поради основи на сомневање дека дел од групата е лицето Б.Џ. кое управувало ПМВ “Опел Вектра” со кумановски регистарски ознаки истиот е запрен и приведен во ПС ОН Неготино. Б.Џ. имал улога на т.н претходница, а воедно и превезувал лица илегални мигранти.

Од страна на судија за претходна постапка на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 (триесет) дена.