Во вчерашното 67 коло на Новолото, уште еднаш се внесе многу возбуда кај играчите, посебно кај еден од нив.
Имено ова коло ни донесе нов среќен добитник, овој пат на добивката 6+1 вредна 274.168,50 денари. Компјутерскиот систем лоцираше дека уплатата на среќното Новолото ливче е извршена на 17.08.14 во продажното место Владија во Охрид. Добитникот уплатил 2 комбинации НОВОЛОТО и 2 комбинации Џокер, се заедно 70 денари.
Само за потсетување, годинава уште двајца добитници на оваа премија. Во месец февруари, гостиварчанец кој сакаше да остане анонимен, беше добитникот на премијата 6+1, вредна 475.411,50 денари во 14то коло, а веќе во април имавме уште еден среќен добитник на оваа добивка. 27 коло емитувано на 02.01.14 го донесе добитникот на добивката 6+1 вредна 509.724,50 денари.
Новото 68 коло од НОВОЛОТО веруваме дека повторно ќе донесе многу забава, возбуда и добивки. Уплатата за него е во тек, а самото извлекување ќе може да го следите на Сител телевизија во сабота 23.08.14 од 20 ч.
Извор: Нет Прес