Јован Јованоски го освои 6-то место на Младинските Олимписки игри во Кина

Утрово со почеток во 04:30 часот по наше време стартуваше третиот односно последниот натпревар во категоријата на друмски велосипедизам на Младинските Олимписки Игри 2014 во Нанџин, Република Кина. Во силна конкуренција како што доликува на Олимпијадата учество зедоа 32 Нации со по 2 велосипедисти. Честа да ја претставуваат Македонија ја имаа Јован Јованоски и Андреј Петровски.

Нашиот велосипедист Јован Јованоски кого другарчината од целиот свет особено од Европа кои на Европскиот шампионат 2012 во Грац – Австрија го именуваа како ‘‘ЈЈ – Џеј Џеј‘‘ повеќе од достоинствено и гордо ги одбрани боите на Македонскиот велосипедски дрес со логото на Олимпијадата. Физички и психички подготвен како никогаш досега со огромна желба да ги победи колегите од високо буџетните Клубови и Нации, кои не ретко не исмејуваат и се подбиваат со црвено жолтите бои, имаа можност 1:37‘23‘‘ , 58 велосипедисти да го следат знамето на МКД кое се наоѓа на задната страна на долниот дрес.

Јован поминува во целта како шесто пласиран со погоре споменатото време, со кој успех продолжува да ја надополнува историјата на македонскиот велосипедизам, најнапред со успехот кој го постигна минатата сезона, а го потврди на Светскиот шампионат во Јужна Африка и постигна норматив за учество на оваа Олимпијада. Со овој успех како шесто пласиран ја потврди подготвеноста да ги брани боите на МКД пред надлежните во МОК, во очекување дека ќе влезе во тренажен процес за учество на Олимписките игри во Базил – Рио 2016.

Успехот на Јован го надополнува и вториот велосипедист од Македонскиот тим, Андреј Петровски кој исто така во однос на конкуренција и освоеното 15-то место високо котира на листата од 64 велосипедисти.

ВК Екодром