Крводарителска акција во близина на фудбалскиот терен „Климент Колески“

Традиционалниот, меморијален турнир во мал фудбал „Климент Колески“, оваа година има и хуманитарен карактер. Во соработка со организаторите на турнирот, Црвен крст Охрид денес (петок) од 17:00 – 23:00 ч. организира крводарителска акција во непосредна близина на фудбалскиот терен „Климент Колески“ (ОУ „Григор Прличев“) на која покрај учесниците на турнирот-фудбалерите, крв ќе може да даруваат сите хумани охриѓани и гости. На крајот на фудбалскиот турнир, екипата која имала најповеќе крводарители, ќе биде прогласена за најхумана екипа и Црвен крст Охрид ќе и додели вредна награда.

Ги охрабруваме и ги покануваме фудбалерите и сите добронамерни и хумани наши сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв на денешната крводарителска акција.