Советот на општина Охрид, на почетокот на 27-та седница ги прифати предлог- одлуките за изменување на Статутот на општина Охрид, за утврдување на листа за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти како и за задолжување на општина Охрид во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP). Беше прифатена и иницијативата за именување на здраствениот дом или популарно виканата „ Маларична“ со името на Д-р Елена Каваева, а беше прифатен и предлогот Советот, да донесе одлука со која старателството за одржување на нејзиното вечно почивалиште во градските гробишта, да го преземе општина Охрид.
На седницата беа дадени согласноси за формирање групи во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ , со помал односно поголем број на деца од законски утврдениот број, за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта , за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ ,ОУТУ „ Ванчо Питошески“ , ОСУ „Свети Климент Охридски“ и во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ од Охрид.
Советниците дадоа позитивно мислење за програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2014/2015 година на ОУ „Братство Единство“ , ОУ „ Григор Прличев“ , ОУ „ Кочо Рацин“ , ОУ „ Св. Климент Охридски“ , ОУ „ Христо Узунов“ од Охрид, на ОУ „ Ванчо Николески“ од с. Лескоец, ОУ „ Живко Чинго“ од с. Велгошти и на ОУ „ Св. Наум Охридски“ од село Пештани. Зелено светло добија и предлог- одлуките за усвојување на елаборатот за проценка на штета од градот проследен со силен ветар и дожд, што се случи на 18 јуни 2014 година, за дополнување на ценовникот на услуги на ЈП „Нискоградба “ и за извештајот за работа на Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените за 2013 година.
Од областа на урбанизмот беа прифатени предлог- одлуките за прифаќање на предлог- одлуките за утврдување Нацрт Детален урбанистички план за УЗ 12 дел од УБ 12.4-опфат 4 општина Охрид, плански период 2012-2017 , за донесување Детален урбанистички план за дел од УЗ 12 дел од УБ 12.3-опфат 1 општина Охрид, плански период 2011-2016, за измените и дополнувањата на Нацрт – деталниот урбанистички план за УЗ 17, УБ 17.4 за планскиот период 2013-2018 г. за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Kп бр. 221 KO Лескоец,за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп бр. 1074 КО Велгошти, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп бр. 1606 КО Велгошти, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп бр. 1893 КО Лескоец, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп бр. 1931 КО Лескоец, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп бр. 2531/1 КО Велгошти, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп бр. 2733 КО Велгошти, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп бр. 3263/1 КО Коњско, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп.бр.5980, 5974, 5976, 5981 КО Охрид 4, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето Кп 14302/2 КО Охрид 3, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето Kп 15589 КО Охрид 3, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето Кп 15645 КО Охрид 3, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето Кп 15664/1 КО Охрид 3 и за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето и за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата сообраќајната инфраструктура Кп 15810/1 КО Охрид 3, а не беше прифатена иницијативата за измена на ДУП за дел од УЕ 7, УМ 1 за Гп.1.1, Гп.1.2, Гп.1.3, Гп.1.7, Гп.1.8, Гп.1.9, Гп.1.10, Гп.11,( на Кп. 8304, Кп. 8302/1, Кп. 8302/2 и други КО Охрид 1.