Аматерската театарска група на охридскиот Црвен крст настапи во Крагујевац

Аматерската театарска група на Црвен крст Охрид, составена од 12 млади актери, синоќа имаше свое прво претставување во странство. Како гости на Црвен крст Крагујевац, во Театарот за млади во Крагујевац, Србија, талентираните охридски актери пред крагујевчани настапија со театарската претстава „СУД ЗА МОРАЛНИ ВРЕДНОСТИ“, во режија на Маре Ристеска и Весна Терзиоска.

Само за потсетување, аматерската театарска група на Црвен крст Охрид, го отвори првиот Меѓународен Аматерски театарски фестивал „Вдиши Театар“ што во организација на Црвен крст Охрид се одржа во мај оваа година.

Посетата во Крагујевац, волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ја искористат и за продлабочување и конкретизирање на заеднички активности со Црвен крст Крагујевац.

AmaterskiTeatarVoKragujevac2