Се отвори огромна пукнатина во земјата на северозападот од Мексико

Огромна пукнатина долга еден километар се отвори на северозападот од Мексико и го загрижи локалното население.

Осум метри длабоката пукнатина го прекина главниот пат помеѓу градовите Хермосиљо и крајбрежјето. Фармерите се приморани да ја заобиколуваат пукнатината која на одредени места е широка и до пет метри.

Многумина мислат дека причина за оваа пукнатина е земјотресот во Сан Андреас. Меѓутоа, геолозите од Универзитетот „Сонора“ велат дека причина за овие пукнатини се обилните врнежи и подземните води.