Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), Скопје, во периодот Јануари 2014 – Јуни 2015 година ќе го спроведуваат проектот „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија”. Во состав на проектот, ЕД „Грашница“, денес организира презентација на ботаничката разновидност од Илинска-Плакенска Планина.
Настанот ќе се одржи на плоштадот Чинар со почеток од 11.00 ч. и ќе трае до 13.00 ч.
Презентацијата опфаќа изложени фотографии и хербариум со видови растенија од планината, давање објасненија и совети за нивно користење во медицински цели.
Целта на настанот е да ја подигне свеста на населението и да информира за значајни растенија од флората на Илинска-Плакенска Планина кои имаат медицинско/комерцијално значење, односно се експлоатираат најмногу од страна на локалното население.