Шпанските земјоделци го запалија знамето на ЕУ

Синдикатот кој ги застапува каталонските одгледувачи на житни култури и останати стоки организираше протест барајќи од Европската унија компензација поради загубите настанати како резултат на санкциите кон Русија и руските противмерки кон ЕУ.

Група од околу 30 претставници на синдикатот JARC, еден од најголемите земјоделски синдикати во Каталонија, пред општинската зграда запали еден пакет полн со праски, а потоа во огнот фрлија и знаме од ЕУ. Слични вакви протести беа одржани на повеќе места ширум Шпанија.

На почетокот на август, Европската унија воведе санкции за руските банки и индустриите за технологија, поради вмешаност на Русија во кризата со Украина.

Русија, која упорно ги негира оптужбите од западните земји, како одговор на санкциите воведе забрана за увоз на земјоделски производи од ЕУ, која забрана ќе трае една година.