Директорката Јанкуловска се сретна со поранешниот градоначалник на Дортмунд

Директорката на Охридско лето Елизабета Јанкуловска денес оствари работна средба со поранешниот градоначалник и актуелен советник во Советот на германскиот град Дортмунд , Рутиге Шмит. Јанкуловска го информира за големината и значењето на оваа голема културна манифестација, за нејзините почетоци и долгогодишната богата историја како и за најголемите музички имиња кои настапиле на фестивалската сцена. На средбата станало збор и за нова соработка со Дортмунд на полето на културата а не се исклучила и можноста тамошната Филхармонија да биде дел од некое следно фестивалско издание. 

Шмит претходно се сретна и со Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Како што информираат од Општината на средбата двете страни се согласиле дека има реална основа за соработка помеѓу Охрид и Дортмунд на повеќе полиња и дека ова ќе биде само еден добар почеток за широка и долгорочна соработка помеѓу двата града. Според охридскиот градоначалник целта на средбата била воспоставување на соработка која што ќе има реални основи да се одржи во иднина и би дала долгорочни резултати помеѓу македонскиот Охрид и германскиот град Дортмунд.

IMG_1907