Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид од вчера започна со поставување на успорувачи на сообраќај или попознати како ”лежечки полицајци”.
По неодамна распишаниот тендер на Општина Охрид за поставуање на овие успорувачи на сообраќајот,како најповолен понудувач од комисијата при Општина Охрид беше избран економскиот оператор ДООЕЛ Бојка Инг од Скопје.
Во прва фаза ќе се поставуваат успорувачи на сообраќајот на ул.”Момчило Јорданоски” , ул.”Питу Гули” пред ОУ “Христо Узунов“ , ул. ”Партизанска” , ул. ”7 – ми Ноември” пред ОУ “Братство – Единство“ и на булевар ”Туристичка”.
Во останатите фази,согласно обемот на реализираниот тендер и согласно потребите на граѓаните на Општина Охрид, ќе се поставуваат успорувачи на сообраќајот и на други фреквентни подрачја на територијата на Општина Охрид.
Поставувањето на успорувачите на сообраќајот се дел од програмата на Градоначалникот Бакрачески и дел од Годишната програма на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици за поголема безбедност во сообраќајот.
Надлежните служби при Општина Охрид уште еднаш апелираат до граѓаните да не се уништуваат поставените сообраќајни реквизити и граѓаните да се придржуваат кон сообраќајните норми и правила заради поголема безбедност во сообраќајот на територијата на Општина Охрид.