Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 28 август (четврток), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“ – (Голема Богородица), со почеток во 8.45 часот, на која ќе чино-началствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско – Охрид (едноцрквие).
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.