Студентскиот парламент при УИНТ ќе потпише меморандум за соработка со НАПАГ

На 29 август (петок), со почеток во 10 часот во фоаето на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, со седиште на ул. Партизанска бб, Охрид, Студентскиот парламент при УИНТ ќе потпише Меморандум за соработка со Националната асоцијација на престижни академски граѓани.

Инаку, Националната асоцијација на престижни академски граѓани е формирана оваа година со цел да се искористи во целост потенцијалот на најуспешните студенти од сите професии преку развојот на креативноста и нивните претрпиемнички вештини. Во асоцијацијата може да членуваат сите студенти од прв, втор и трет циклус студии со просек повисок од 8.5 (осум и пол) и најмалку комплетирана прва година од додипломските студии.