Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2014 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 4.0% и изнесува 5809 живородени деца.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2014 година бележи зголемување од 2.6% во споредба со истото тримесечје од 2013 година и изнесува 4770 лице, а од нив 48 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 1039 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 0.1% во споредба со истиот период од 2013 година и изнесува 3313 бракови.
Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување za 2.0% во споредба со истиот период од 2013 година и нивниот број изнесува 538.