Два нови случаи на украдени македонски регистарски таблички во соседна Грција

Во текот на вчерашниот ден, (26.08.2014 година) на ГП „Богородица“ е пријавен нов случај на украдени регистерски таблички од возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето Д.П. од Кавадарци сопственик на возило марка „Seat Cordoba“ од кое биле украдени регистерските таблички . Сопственикот на возилото пријавил дека на 26.08.2014 година во Р. Грција биле украдени комплет регистерските таблички, по што случајот не бил пријавен во Грчката полиција.

Покрај овој случај, исто така и на ГП ,,Меџитлија‘’ бил регистриран уште еден случај на украдени регистерски таблички. Случајот е пријавен од страна на лицето Ј.П од Струга, сопственик на возило марка “Citroen C5” од кое биле украдени регистерските таблички. Ј.П пријавил дека на 26.08.2014 година во градот Пефкохори, Грција од неговото возило биле украдени комплет регистерските таблички. Случајот го пријавил во грчката полиција.

Со овие два нови случаи на украдени регистерски таблички бројката на вкупно украдени регистерски таблички за оваа година достигна вкупно единаесет, а досега регистрирани се и пет оштети на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат македоските туристи во Р.Грција.