Православните христијани денес го слават празникот „Успение на Пресвета Богородица“ – Голема Богородица.
Традиционално секоја година во охридското село Завој, се одбележува овој празник.
„Најпрво се носат крстите, а потоа следува традиционален ручек. На крај останува забавата.“- велат организаторите.
Годинава присутните ги забавуваа познатите естрадни уметници Новица Василевски и Татјана Лазаревска.