За да ги скрие 325.500 денари што ги изгубил во обложување, пријавил дека разбојници му ги украле

СВР-Скопје вчера (27.08.) до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето М.М. (29) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело – “лажно пријавување на кривично дело“ и “затајување“ бидејќи истиот лажно пријавил кривично дело – “разбојништво“ во спортската обложувалница Спортлаиф Трејд Доо со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 325.500 денари.

Имено, пријавениот на пред четири дена, односно на 25 овој месец додека бил на работа како оператор на уплата за обложување во спортската обложувалница “Спортлаиф Трејд“ Доо пријавил дека две НН маскирани и вооружени лица, кои откако влегле во обложувалницата, со закана со пиштол НН марка, му наредиле да ја отвори вратата од работниот пулт и да им ги даде парите од дневниот промет кои ги чувал под куќиштето од работниот компјутер при што двете НН лица си заминале од обложувалницата.

Пријавениот М.М. иако знаел дека кривичното дело не е сторено, а со намера противправно да ги присвои доверените пари, односно да го прикрие кусокот на пари кој го направил обложувајќи се на спортски натпревари и искористувајќи ја приликата што во самиот објект нема видеонадзор, на полициските службеници им пријавил дека му е извршено кривично дело.

Од страна на полициски службеници од Одделението за имотни деликти со елементи на насилство извршени се оперативни проверки, при што беше утврдено дека кд “разбојништво“ не е сторено, бидејќи на 25.08. во неговата смена од 15:30 до 22:30 часот во повеке наврати истиот се обложувал на спортски натпревари и си издавал тикети за обложување а притоа не внесувал пари во касата од дневниот промет. Пријавениот издал тикети за уплата за обложување на сума од вкупно 325.500 денари, и притоа не внел, односно не уплатил пари во дневниот промет, со што сторил кривично дело – “затајување“. Пријавениот, со цел да го прикрие извршеното кд и кусокот на пари во дневниот промет истиот ден лажно пријавил дека му е извршено разбојништво од страна на 2 НН маскирани и вооружени лица и дека му се одземени доверените пари.

Со потврда за привремено одземени предмети од М.М. одземени се 23 тикети од Спортлаиф кои се недобитни и истиот си ги издал без претходно да внесе пари во дневниот промет. На 26.08. во службените простории на ПСОН Ѓорче Петров беше извршен службен разговор со пријавениот во кој истиот во целост го признал делото.