На први октомври 28мо издание на „Охридски староградски средби“ 2016

На 1ви октомври (сабота) по 28ми пат ќе се одржат „Охридските староградски средби“ 2016, во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.  Фестивалот има за цел да ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите добри градски музички традиции.

На 28то издание ќе настапат Градски Хор при ЦК „Григор Прличев” од Охрид, ЗПK Куманово и Културно уметничко друштво Ѓоко Симоновски, Пеачка група „Весела Тајфа” од Богданци, Здружение на граѓани-Градски хор од Штип, КУД Далги ЗП Охрид и Дебрца,  Ансамблот за народни песни „Вања Лазарова” од Скопје, Ансамбл Љупчо Љубен Кумбароски и Струшки Бисери од Струга, ВИС Орнаменти од Штип, Староградски тамбурашки оркестар Дом на култура “Лазар Софијанов” од Кратово, ЗП Пере Тошев – Прилеп.