СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.М.(20) од Охрид за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанци“. На 27.01.2014 година на ул. „Туристичка“ во Охрид од страна на полициски службеници при преглед над пријавениот е пронајдена целофанска паковка со 0,54 грама марихуана. Истиот ден е извршен претрес во стан кој е користен од страна на пријавеното лице, при што се пронајдени четири отпушоци од рачно изработени цигари од мешавина на тутун и марихуана со вкупна тежина од 0,36 грама. Од извршеното вештачење утврдено е дека два од отпушоците се користени од пријавениот и А.К.(24) од Охрид.