Кривична пријава за лице од Октиси поради кражби

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ш.(31) од с. Октиси, струшко за сторени осум кривични дела „тешка кражба“ и четири кривични дела „кражба“. Пријавениот континуирано во периодот од 13.07. до 21.08.2014 година, на различни локации во Охрид со употреба на физичка сила и погоден алат и при згодна прилика, извршил серија на тешки кражби и кражби при што одзел пари, мобилни телефони, седативи, велосипеди и друго, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 337.000 денари.