Јапонска продукциска куќа започна со снимање на филм за Македонија со познатиор актер Seiichi Tanabe. Снимањето на документарно играниот филм започна на 29.07.2014 и во следните десетина денови ќе се опфатат повеќе локации низ Македонија познати по својата убавина, историја, археологија, локални специјалитети, туристичка понуда, природни убавини и др.
Документарно играниот филм ќе биде емитуван на јапонската FUJI Телевизија прикажувајки ја Македонија како неоткриена туристичка дестинација која е потребно да биде посетена од јапонските туристи.
Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризнот на Република Македонија –АППТ во континуитет работи на организирање, поддржување и реализација на проекти кои ја промовираат Македонија на светскиот туристички пазар.