Денес 20:00 часот во холот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, ќе присуствува и ќе се обрати на свечениот банкет по повод работилницата на тема „ Аритметика на хипер-елиптичните криви и криптографија“, а која е под покровителство на НАТО научната програма за мир и безбедност.
Целта на работилницата која е во организација на Институтот за напредни студии на НАТО, е да обезбеди тренинг и експертиза на математичари, компјутерски научници и инженери од НАТО и земјите партнери во областа на математиката и нејзината примена во криптографијата.