СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(19) од Романија поради основано сомнение дека сторил кривично дело “фалсификување пари”.
Пријавениот на 28.08.2014 година во Охрид на ул.„Св.Климент Охридски“ во менувачница сакал да размени банкнота од 20 евра, за која сопственикот утврдил дека е фалсификувана.