Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јули 2014 година во однос на јули 2013 година изнесува 106.3.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, бележи опаѓање од 3.0%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7.8% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.9%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.8%, Капитални производи за 96.9%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.3%, кај Нетрајни производи за широка потрошувачка е на исто ниво, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.1%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2014 година, во однос на периодот јануари – јули 2013 година, изнесува 106.9.